Еразмус + и „Наследството од минатото …”


Група од пет ученици и двајца професори од СОУ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Прилеп преку проектот „Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето на иднината” (“Heritage of the past, experience of the present and promise of the future”) oд програмата Еразмус+, во периодот од 03-09.06.2018 г. престојуваа во Турција.

Домаќин им беше средното училиште ”Bayrampasa Tuna Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi” од Бајрампаша, Истанбул.

За време на престојот учениците и професорите се запознаа и со дел од природните и културно-историските убавини на Истанбул, со традиционалните јадења, како и со нивните носии – што секако е тема на проектот. Низ дружење учениците создадоа пријателства,се збогатија со знаења за други култури, традиции и друго.
Голема благодарност до турските колеги за нивниот пречек и за тоа што ни овозможија пријатно да се чувствуваме.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *