ЕРАЗМУС + гости во СОУ Ѓорче Петров од 04 – 10.11.2018 год.


СОУ Ѓорче Петров беше домаќин на ученици и професори од четири земји – Португалија, Турција, Италија и Полска, дел од Еразмус+ проектот „Нашите реки наша заедничка иднина” финансиран од страна на Европската Комисија, преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија.

За време на престојот во нашето училиште заедно со домаќините се одржаа повеќе работилници поврзани со темата на проектот а со цел да се потенцира значењето на водите за нашите животи. Потоа беа посетени едно природно езеро, изворите кај Св.Наум, реката Дрим, како и едно вештачко езеро – Матка. Исто така сите учесници ја посетија прочистителната станица во Прилеп, каде им беше објаснет начинот како отпадните води се третираат со цел да се избегне загадувањето на животната средина.

На гостите и на домаќините топло добредојде им посака и градоначалникот на Прилеп госп. Илија Јованоски, кој особено го истакна значењето на Еразмус + проектите за училиштата.

Гостите имаа можност да го разгледаат и нашиот град со најзначајните културно-историски обележја, но и да ја пробаат и нашата традиционална храна.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>