Erasmus+ -Изработка на онлајн прирачник за Прва помош


Во партнерство со колеги од училишта од Србија, Шпанија, Португалија и Турција , професори од СОУ,, Ѓорче Петров’’ , Прилеп учествуваа во изработка на онлајн прирачник за Прва помош.Прирачникот е краен продукт од Еразмус проектот ,, First aid worldwide’’ и се базира на работа и истражувања за изнаоѓање и примена на иновативни методи, начини и средства за прва помош Тој соджи поглавја кои опишуваат различни состојби и повреди за кои е неопходно познавање прва помош, како и објаснувања како да се реагира во одредена ситуација. Сликите и видео материјали од шминкани повреди се важен дел од прирачникот и реално ги прикажуваат повредите и раните кои се случуваат во секојдневниот живот. Секој проектен партнер имаше посебна задача. Обрска на на тимот од СОУ,,Ѓорче Петров’’ беше да истражи, избери и примени во наголема мера природни материјали за шминкање и реално , економично прикажување на повреди. Се очекува овој производ (онлајн прирачникот) да најде примена во наставно-образовниот процес како дидактичко помагало за учениците и наставниците, а и во стекнувањето на основни познавања и пружање на прва помош кај општата популација.

Naslovna


Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.