Вредните ученици од профилот – техничар за мебел и ентериер


Преку умешноста на учениците од дрвопреработувачката струка, деновиве во холот на училиштето имаме преубаво оплеменети ѕидови, кои на просторот им даваат топлина, заштита и убавина. Креацијата на учениците и нивните ментори проф. Спасе Здравески и проф. Коле Штрлески секако потпомогнати од  хаусмајсторот Христо Трајкоски никого не остава рамнодушен. Во средината се наоѓа и ТВ приемник (донација од „Тера Кота“ Инженеринг), кој со своите можнисти уште повеќе го разубавува амбиентот.

„Од ефектот сите сме воодушевени. Учениците сами изразија желба да продолжат  со исто темпо на практичната работа, се со цел да го направат училиштето едно од најубавите во Републиката. Ние возрасните сме тука да им го овозможиме тоа“ – рече директорот Дејан Димоски.

За крајниот ефект и процесот на изработна, може да ја погледнете следната галерија на фотографии.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.