Уште еден хумнитарен настап на Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп


На 16 март 2018г., во ДК„Марко Цепенков“ Прилеп, во преполнетата со публика голема сала, на покана на наши ученици – волонтери во Црвен крст Прилеп, кои преку ПХВ програмата изработуваат мали хуманитарни проекти за помош на ранливи семејства, членовите на Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, ја изведоа претставата „Љубовна династија“, според сценарио на Филип Стојаноски, нашиот почесен и верен член. И под менторство на проф. Билјана Тинтоска. А улогите ги толкуваа:

Константин Василески од 4-7кл.; Филип Стојаноски; Антониј Колески од 4-7кл.; Андреа Јованоска од 1-2кл.; Круме Талески од 4-3кл; Харалампие Тасески од 4-3кл.; Валерија Чавлеска од 3-1кл; Ивана Настеска од 2-1кл; Матеа Богданоска од 2-3кл; Ана Јорданоска од 3-8кл; Сара Сурлаџиоска, Димитар Ристески, Џеладин Шериф од 1-2кл; Марија Недеска, Леонид Момироски и Ѓорѓи Кузески од 1-8кл.Со своето ексклузивно учество и љубов кон актерството, претставата ја збогати малата Бисера Гаралоска, а со својата несебична помош придонес дадоа учениците: Марио Костадиноски, Стефан Сталески и Стефан Преспаноски.

Уште еднаш нашите глумци и ученици ја покажаа својата хуманост, одделувајќи дел од своето слободно време за учество во хумани дела. Им благодариме! Им посакуваме уште многу хумани гестови! Ги повикуваме сите наши ученици секогаш да ја покажуваат својата хуманост, правејќи добри дела, бидејќи секој човек има право подеднакво ккао и другите да живее достоинствено и човечки.

 

 

Текстот го подготви проф. Билјана Тинтоска

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>