Партнерска соработка на Драмската секција со АГТИС Прилеп


Драмската секција со тим од повеќе ученици на СОУ,,Ѓорче Петров”-Прилеп, под менторство на проф. Билјана Тинтоска, на 13.06.2017г. успешно го заврши проектот ,,Да се видам со твоите очи” ” за развивање вештини за известување на заедницата, во соработка и под покровителство на АГТИС Прилеп. Завршните активности беа реализирани во Галеријата на икони во Прилеп, а завршната манифестација и доделувањето на дипломите во пицеријата „Академи“ во Прилеп.

Голема благодарност до нашите партнери за довербата и стекнатите вештини и до нашиот директор за поддршката. Благодарност до нашите ученици за заложбите. Од овој проект стекнаа изобилство од знаења и вештини. Соработката со АГТИС Прилеп продолжува и понатаму. Овој проект е дел од серијата проекти под покровителство на Министерството за култура, со работен наслов „Музеите во училиштата и училиштата во музеите“.

Нашите глумци не знаат за одмор и за летен распуст. Веќе од петок ќе започнат подготовките за реализација на нов ангажман, повторно под покровителство на АГТИС.

 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.