Љубов низ рамки од тутун


ДРАМСКА ВЕЧЕР – настан организиран и реализиран од Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, на 05.11.2018г. во 18ч. во Народниот театар „Војдан Чернодрински“,

СО ПРЕМИЕРА НА КОМЕДИЈАТА „ЉУБОВ НИЗ РАМКИ ОД ТУТУН“

 

Веќе две години сме домаќини на добрата смеа и детскиот дух претставен низ Драмската вечер на нашето училиште. Традиционално и оваа година, но во нов состав и со нови сили и искри ja поканивме нашата публика да биде сведок на уште една комична претстава одиграна од страна на нашите талентирани глумци. Сигурно сте слушнале за приказните на Томче и Стојанка од Чорбаџи Теодос, Ленче и Бошко од Бегалка, Данте и Беатриче, Антонио и Клеопатра, Коста и Раца и секако хероите на Шекспир – Ромео и Јулија? Овие парови ги поврзува едно нешто – нивната силна, забранета и невозможна љубов, безброј пречки и трнлив пат до посакуваното. Но, секако, тоа што е забрането секогаш е предизвик да се премине границата. Што се случува кога прсти ќе вмешаат и постарите?

Во оваа драма едно е сигурно: две чорбаџиски фамилии – смртни непријатели, кои ги дели само градската река. Едните живеат на левата страна, другите на десната страна од реката. Инает, љубов, омраза, борба со ластегарки, низи од тутун и излегување од  дома во 2 часот навечер?  звучи интересно нели?

Дали нашата приказна ќе има среќен  или трагичен крај?

Текстот и сценариото е на Филип Стојаноски, а за сценографијата се погрижија: Ангела Кочоска и Василиј Пенков, како и другите членови на Драмската секција, која работи под менторство на проф. Билјана Тинтоска.

Посебна благодарност упатуваме до Управата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – за отстапениот простор, до г-нот Оливер Лозаноски – за техничката поддршка и до Невладината организација АГТИС – за изработка на фотографиите и снимањето.

Овој настан имаше хуманитарен карактер.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.