Дебата на тема: Мајчиниот јазик како дел од интегритетот на една држава


Моделот Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“, претставен од Тамара Тодороска
во функција на Дете-правобранител и двајцата Заменици: Ева Димеска и Филип Иваноски,
во просториите на училишната библиотека, на ден 05.03.2018г. организираа дебата на
тема: Мајчиниот јазик како дел од интегритетот на една држава. На дебатата зедоа учество
ученици од втора, трета и четврта година, како и професорките: Лидија Ристеска,
Христина Петкоска – Димеска и Билјана Тинтоска.
Настанот започна со читање на пригодната поетска творба „Потрага по спокојот“ на
нашата реномирана поетеса Јуле Атанасоска и песната „Иако мала но сепак богата“ од
Филип Иваноски, што ќе имате прилика да ги прочитате во прилог на објавава. Потоа
учениците ги произнесоа своите ставови за споменатата тема. Им благодариме на
ентузијазмот со кој пристапија и на ангажираноста и посветеноста за чување на мајчиниот
јазик. Се надеваме на уште многу вакви креативни дебати.
Настанот е поттикнат од реализацијата на проектот Ресурсен пакет за ученичко учество
и заштита на детски права, како дел од интензивната соработка на нашето училиште со
Коалиција на невладини организации СЕГА од Прилеп, а со поддршка на БРО.

Текстот го подготви: Билјана Тинтоска – проф. по македонски јазик и литература

 

 

Потрага по спокојот

Шетав низ страниците
Пловев низ книгите
Низ пространствата меѓу редовите

Но што видов дали знаете?

Видов раскош
Се огромно
И со лажен сјај

Видов лица тажни
Со поглед страден
И говор ладен
Како мраз

Таму Црнила полно
Како Чашуле што вели
Видов , таму мрак беше
Како собата на Мисирков кај што седи.

Но се појави
еден чист сјај
Во очите темни

Се појави едно парче мало,кое
На спокој и убавина ме потсетуваше само

Слушнав глас,чист и милозвучен
Видов момченце убаво
Со очиња како небото

Тоа мало парче беше Македонија
Тоа мало момче Македонче
А јазикот ,убав и милозвучен
Со големи корени беше Македонскиот
Тоа беше убавина и спокој.

Атанасовска Јуле IV 2 клас
Ментор: Тинтоска Билјана

 

 

 

Иако мала но сепак богата

 

Имаме јазик-тоа е македонски.

Имаме љубов-тоа е Македонија.

Имаме надеж-таа е македонска.

Имаме гордост-таа е патриотска.
Колку е убава Македонија,

колку се прекрасни
нејзините полиња,
високите планини и

Прекрасните сини езера.

 

Ќе отидеш  во природа

славејот,со песна ќе те пречека,
овошките слатко ќе те нахранат,
зеленилата милно ќе те заспијат.

 

Вода од потокот ќе се напиеш,
век ќе проживееш,
среќен ќе останиш,

Македонец ќе остариш.

Баба,Солунска глава,

Корап и Јакупица,
Јабланица и Даутица,
душевно ќе те заведат,

на Вардар  ќе те одведат
во Охрид ќе те  освежат.

Низ чаршија ќе поминеш

Гоце Делчев ќе го поздравиш,
Миладинов ќе го благосовиш
на Кирил и Методи ќе им  заблагодариш.

Книга ќе прочиташ

збор   ќе научиш

Песна ќе запееш
милно ќе се насмееш.

Оо кои сме ние?

Оо колку сме ние?
Ние сме Македонци,
ние сме борбеници

Ние сме деца на просветителци.

 

Филип Иваноски 3-3кл.

Ментор: Лидија Ристеска

 

28471675_1641014305967316_2715805324637464746_n 28576729_1641014222633991_7350154334474373733_n 28577308_1641014212633992_163452148677211049_n 28577361_1641014372633976_4489818026821688136_n 28795873_1641014279300652_8038988921062455532_n

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.