Frosina Jovanoska


Ученици од нашето училиште во посета на Швајцарија

Во рамките на проектот “Дете – правобранител”, група ученици од нашето училиште беа дел од двонеделната интеркултурна размена со ученици од Србија во детското село Пестолоци во Троген, Швајцарија. Имено проектот “Дете – правобранител” за заштита на правата на учениците, во соработка со коалицијата “СЕГА”, а со поддршка на тимот од професорите: Билјана Тинтоска и […]


Посета на економски факултет

На ден 03-04-2015 година, по повод Отворениот ден на Економскиот факултет – Прилеп, нашите ученици придружени од професорките  по Бизнис  Христина П. Димеска и Благица Тренчевска учествуваа на претставувањето на можностите што ги нуди факултетот за идните студенти.


Посета на фабрика за производство на лековити препарати “Галафарм” –Скопје

Учениците од четврта година,од образовниот профил фармацевтско-лабораториски техничар, предводени од професорките Венера Мишачковска и Наташа Најдоска, на ден 25.03.2015 год. ја посетија фабриката за производство на лековити и козметички препарати “Галафарм” во Скопје. Учениците имаа можност да се запознаат со сето она што го изучуваат во текот на теоретската настава по фармацевтска технологија, фармацевтска хемија. […]


Hippo натпревар

На  14.03.2015  година  во  просториите  на  С.О.У  Ѓорче  Петров  се  одржа  3  тиот  по  ред Меѓународен  натпревар по Англиски јазик  “Hippo Competition”. На овој натпревар право научество  имаат  ученици  од  10  до  19  години  и  се  натпреваруваат  ученици  од  8  земји :Македонија, Италија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Словенија. Во нашето […]


Искуство од Париз

Нашето училиште преку националната агенција за европски образовни програми и мобилност, работи на проекти за искористување на грантови преку програмата Еразмус +. До сега се искористени две обуки од мобилност за учење на индивидуии и тоа во Париз од страна на Директорот Дејан Димоски и професорот по спорт Здравко Ристески. Обуката беше спроведена од страна […]


Резултати од конкурсот по повод “Денот на борба против сидата”

На Конкурсот за најдобра литературна и најдобра ликовна творба по повод 1 Декември – Ден на борба против сидата, распишан од Младинската организација на СОУ„Ѓорче Петров“ во соработка со училишната институција „Дете правобранител“, беа наградени следниве учесници: Во категоријата Најдобра литературна творба беа доделени три места: Прво место – Исидора Стеваноска од 1-5 клас СОУ […]


Комфи Ангел кај нас

По иницијатива на Министерството за Образование и Наука во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, на 18ти Ноември беше организирана интерактивна дискусија на тема „предизвик на бизнисот“ помеѓу Ирена Јакимовска управител на Д.О.О Комфи Ангел и учениците од нашето училиште предводени од директорот Дејан Димоски и нивните професори. Еве ја изјавата на Ирена Јакимовска […]