Продолжуваат планираните активности на проектот АЦЕС


Продолжуваат планираните активности на проектот АЦЕС

На ден 28.12.2015г. меѓународниот проект АЦЕС, во соработка со Ликовната секција од нашето училиште ги посети децата од Дневниот центар „Ѕуница“. Членовите на ликовната секција од нашето училиште под менторство на проф. Марта Макеска, изработија беџови и честитки како подарок за децата од центарот. А празничната радост беше збогатена со пакетчиња, во организација на проектот АЦЕС од нашето училиште. Имено неколку ученици вклучени во проектот, како и професорките Елизабета Милошеска, Билјана Тинтоска и Марта Макеска, беа во посета на Центарот. А посетата беше збогатена со музички изведби од учениците – учесници во проектот и со заедничка забава со децата од Центарот. Задоволеството беше толку големо, колку што беа големи и драгоцени насмевките на лицата и радоста во срцата на нашите домаќини. Посебна благодарност упатуваме до нашите спонзори: АД„Витаминка“, „Донија“, Прилепска пиварница АД и Скопска пиварница АД, како и до учениците од 1-3клас од нашето училиште.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.