2 АПРИЛ – ПАТРОН ПРАЗНИК НА СОУ„ЃОРЧЕ ПЕТРОВ“ ПРИЛЕП


По повод патрониот празник на нашето училиште, на 31 март во 18ч., во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ беше одржана Свечена академија. На настанот присуствуваа: Градоначалникот на Општина Прилеп г. Борче Јовчески, претставници на Локалната, советничката од БРО г-ѓа Оливера Тодороска, членовите на Училишниот одбор и Советот на родители на СОУ„Ѓорче Петров“, директорите на основните и средните училишта, наставниците, родителите и нашите ученици.

Беше изведена богата пригодна програма: две композиции на училишниот хор, а и разновидна музичка програма со вокални и инструментални изведувачи и учество на училишниот бенд „The doctors“, сè под диригентство на проф. Наташа Велеска; Рецитаторската секција на нашето училиште, го изведе рециталот „Македонија“ од стихови со патриотски мотиви на Летописецот на земјата Македонска – Анте Поповски; извадоци од драмата „Црнила“ од Коле Чашуле и рецитации на љубовна поезија од Десанка Максимовиќ, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, под менторство на директорката Жанета Видевска; лични творби под менторство на проф. Лидија Ристеска; „СЛОБОДНО ТЕТАРЧЕ“ – Драмската секција на училиштето, под менторство на професорката Билјана Тинтоска нè почести со претставата „После ноќта зора доаѓа“. Сценариото и режијата е на нашиот почесен член Филип Стојаноски, а во неа учествуваа и многу од горенаведените учесници.

Посебна благодарност упатуваме до:

Градоначалникот на Општина Прилеп, г. Борче Јовчески и Локалната самоуправа на Општина Прилеп;

Директорката на училиштето, г-ѓа Жанета Видевска;

Членовите на Училишниот одбор на СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп;

Членовите на Советот на родители на СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп;

Директорката на НТ,,Војдан Чернодрински”, г-ѓа Јасмина Мицовска – Станкоска;

Студиото ФАН ПРОДУКЦИЈА ЗОРАН;

Наставничкиот колегиум на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп;

И се разбира – најпочесното место го имаат сите наши ученици – учесници во програмата:

Вања Младеновски, Теодора Велкоска, Бојана Најдоска, Теодора Димовска, Илина Тодороска, Филип Сотиров, Марко Стојаноски, Aнгела Талимџиоска, Ивана Стеваноска, Михаил Јорданоски, Исидора Попоска, Марија Котева, Исидора Николоска, Леона Плетварец, Михаела Стојаноска, Матеа Стојчевска, Марко Костадиноски, Христина Кулеска, Наталија Шеќероска, Марија Стеваноска, Ненад Ризовски, Тамара Димитриеска, Едис Еминоски, Викторија Стојкоска, Ивана Дамческа, Ѓорѓи Ацески Печијарески, Филип Стојаноски, Марија Георгиеска, Александар Атанасоски, Амра Рамовиќ, Анамарија Манческа, Филип Силјаноски, Меланиа Ристеска, Михаил Ангелески, Мила Шукуроска, Тамара Шојовска, Магдалена Ѓорѓиоска, Меги Ангелеска, Стефан Самарџиоски, Вилијам Спиркоски, Марија Томеска, Михаела Талевска, Тијана Велеска, Теона Богданоска, Георгина Чапоска, Ема Костиќ, Ѓорѓи Петкоски, Симона Трајаноска, Милијана Јованоска, Христина Петкоска, Билјана Петковска, Ивана Стојкоска, Марија Наумоска, Андреа Велкоска, Габриела Колеска, Меланија Јованоска, Јована Наумоска, Јована Шаркоска, Даниела Шошевска, Исидора Мрсеска, Андреа Микулек, Доротеа Илиеска, Ивана Андриеска, Ема Трајкоска, Трене Тренески, Тајана Бошкоска, Марија Котеска, Елеонора Илиоска, Сара Иваноска, Исидора Иваноска, Анастасија Кочоска, Павлина Јосифоска, Андреа Стеваноска, Виолета Миновска, Теодора Деркоска, Христијан Тодороски, Јована Нешкоска, Теодора Мрческа, Анастасија Славкоска, Марија Мојсоска, Весна Присаѓанец, Евгенија Димеска, Катерина Милевска, Христина Петкоска, Михаил Крстески, Дамјан Атанасоски, Сара Трајкоска

Се гледаме до година со нови вредности и содржини!

                                  Текстот го подготви проф. Билјана Тинтоска

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.