Средното општинско училиште Ѓорче Петров – Прилеп објавува
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК – ПРАВОБРАНИТЕЛ И ЕДЕН ЗАМЕНИК УЧЕНИК – ПРАВОБРАНИТЕЛ
Ученик – правобранител и неговите заменици се ученици во училиштето кои ќе се грижат за заштита и почитување на правата на децата во училиштето, кои ќе имаат обврска да ги промовираат правата на детето, да препознаваат повреда на детските права во рамките на училиштето и да ги пријават сите случаи на повреда на детските права до надлежните органи во и вон училиштето (Наставнииот кадар и Народниот Правобранител ).
I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право за пријавување за Ученик – правобранител: можат да аплицираат ученици од 2 и 3 година.
Право за пријавување за заменик Ученик – правобранител: можат да аплицираат ученици од 1 и 2 година.
II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Документи за пријавување: пријава и мотивационо писмо
Заинтересираните кандидати можат да подигнат пријава од педагошко – психолошката служба во училиштето. Истата, кандидатите потребно е да ја пополнат и достават до педагогот на училиштето најдоцна до 29.10.2021 година.
Мотивационото писмо се доставува во слободна форма.
III. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Селекцијата на пријавените кандидати и избор ќе врши комисија од училиштето составена од три члена. При тоа ќе се земаат предвид следниве критериуми:
пол;
возраст;
основно познавање на детски права;
мотивација за пријавувањето;
комуникациски и организациски способности;
претходно поведение;
етничко потекло (во зависност од етничката застапеност во училиштето);
претходно искуство односно вклученост во воннаставни активности.
IV. РАБОТНИ ОБВРСКИ на Ученикот – правобранител и неговите заменици:
- Учество на обука за содржина на Конвенцијата за правата на детето и нејзина примена во рамките на училиштето;
- Учество на обука за улога и обврски на Ученик – правобранител;
- Промовирање на правата на детето во рамките на училиштето преку едукативни врснички работилници;
- Прибирање претставки – поплаки од учениците (препознавање на прекршување на детските права и обезбедување заштита на почитување на детските права); Мандатот на Ученик – правобранител и заменикот ќе биде во траење од две учебни години. Во текот на спроведувањето на своите обврски, Ученикот – правобранител и неговите заменици ќе добијат целосна поддршка од страна на наставниот кадар. Октомври, 2021 Директор
Петра Лукароска