Резултати од конкурс


По распишаниот конкурс по повод Меѓународниот ден посветен на сите жени и девојки во науката, жири- комисијата составена од тимот на Ученик- правобранител, Александар Атанасоски и Барбара Мицеска и професорката по Македонски јазик и литература, Билјана Тинтоска, ги издвои најдобрите пристигнати дела.

Многубројните творби се поделија во две категроии, поезија и проза.

Во одделот на поезијата, првото место го делат Катерина Лашкоска (II година, СОУ „Ѓорче Петров“) и Илина Тодороска (II година, СОУ „Ѓорче Петров“). Второто место и припадна на Минела Шкриељ (II година, СОУ „Ѓорче Петров“), а третото место исто така е делба помеѓу Христина Тасеска (IV година, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“) и Тамара Насевска (III година, СОУ „Ристе Ристески- Ричко“).

Во областа на прозата, првонаградена е Елена Николоска (IV година, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“), додека второнаградени се Дино Стојаноски (IV година, СОУ „Ристе Ристески- Ричко“) и Ангела Станкоска (II година, СОУ „Ѓорче Петров“). Третото место го делат Теодора Илиеска (II година, СОУ „Ристе Ристески- Ричко“) и Марија Мојсоска (II година, СОУ „Ѓорче Петров“).

Испраќаме голема благодарност кон сите ученици кои зедоа учество, и им честитаме на наградените. Бевме воодушевени од талентот и креативноста на учениците. Пристигнаа навистина прекрасни дела кои го направија изборот на најдобрите прилично тешка задача. Наградените ученици и нивните ментори ќе добијат дипломи.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.