ДРАМСКА ВЕЧЕР НА „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“


– Драмска секција на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

На нашата традиционална Драмска вечер одржана на 12.12.2022г. во салата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“  публиката имаше можност да се соочи со ситуација која е еднакво актуелна, колку што е и древна, откако постои светот и векот. Насловот ,,Грабители” се однесува на човечката ненаситност во сите слоеви на општеството – од највисоки до најнезабележливи. И се разбира – сето тоа зачинето со највкусниот зачин – хуморот. И пораката – како да не бидеме такви какви што се повеќето ликови на сцената и да бидеме чувари на законот и човештилакот!

Се надеваме дека како и секогаш барем за малку ја извлековме публиката од сивилото на секојдневието и намамивме насмевки!

Им благодарам на моите посветени глумци за ентузијазмот, пожртвуваноста и љубовта со кои оваа вечер ни ја направија повесела, поведра, посебна. Театарот, комедијата ја имаат моќта да ја обојат стварноста со весели бои. Смеата е здравје!

Посебна благодарност укажуваме до директорката Јасмина и техничкиот персонал на Народниот театар ,,Војдан Чернодрински” од Прилеп за отстапениот простор и помошта. Исто така и до нашата директорка Петра Лукароска, до професорите и родителите за разбирањето и несебичната поддршка, до Фан Продукција Оливер Ангелески и до нашата почитувана и обожавана публика!

Текстот на комедијата е на Филип Стојаноски, а улогите ги толкуваат:

1. Вања Младеновски  3-1кл.

2. Теодора Велкоска 4-1кл.

3. Бојана Најдоска  3-1кл.

4. Лора Божиноска  3-3кл.

5. Теодора Димовска  2-2кл.

6. Санџана Мефаилоска 2-2кл.

7. Илина Тодороска  3-8кл.

8. Ангела Талимџиоска 3-2кл.

9. Михаил Јорданоски  2-1кл.

10. Исидора Попоска 1-1кл.

11. Марија Котева 1-1кл.

12. Исидора Николоска 1-1кл.

13. Леона Плетварец 1-1кл.

14. Михаела Стојаноска 1-1кл.

15. Матеа Стојчевска 1-2кл.

16. Марко Костадиноски1-2кл.

17. Христина Кулеска  1-2кл.

18. Наталија Шеќероска 1-2кл.

19. Марија Стеваноска 1-3кл.

20. Ненад Ризовски 1-3кл.

21. Тамара Димитриеска1-8кл.

22. Мениса Адем  1-6кл.

23. Катерина Лашкоска 3-1кл.

24. Едис Еминоски 3-1кл.

25. Викторија Стојкоска 3-3кл.

26. Ивана Дамческа  3-3кл.

27. Михаил Тркалески

Ментор на секцијата и автор на текстот: Билјана Тинтоска – професор по Македонски јазик и литература

Ви ветуваме уште многу комични задоволства на ,,штиците што живот значат”❣️

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.