Во нашето училиште минатата недела беше ставен во функција новиот кабинет по предметот информатика. Средствата за реализација на овој зафат во висина од околу 1.200.000 денари се од училиштето.

„Набавени се 21 нови и модерни компјутери, смарт табла, а поставен е и нов инвентар“, истакна директорот на училиштето, Страшо Ѓорѓиоски.
Реализацијата на овој проект, апсолутно ќе го подобри процесот на изведување на наставата по предметот иформатика , истакна предметниот професор Гоце Неделкоски и додаде дека во училиштето и претходно имало кабинет, но со застарени компјутери.

„Со реализацијата на оваа инвестиција направено е инфраструктурно проширување на просторот, кој е опремен со нова техничка опрема и нов инвентар, а сето тоа на мое задоволство и пред се’ на нашите ученици“, потенцираше професорот по информатика во СОУ „Ѓорче Петров“ , Неделкоски.