Турнир во баскет, по повод Меѓународниот ден на борба против сидата


На 1 Декември – Меѓународниот ден на борба против сидата, Училишната младинска организација на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, во соработка со Советот на млади на општина Прилеп, организираше турнир во баскет. Целта и пораката на турнирот е младите наместо со пороци, да се занимаваат со спорт како синоним за здравје и здрав живот.

На турнирот учествуваа дваесет и две екипи, машки и женски, од средните училишта во Прилеп. Турнирот се одржа во спортската сала на СОУ„Ѓорче Петров“ и започна во 8 часот наутро. Во категоријата на машки екипи, Прво место освои екипата „Зумбули“од СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, Второ место освои екипата „Пиштолчиња на вода“ од Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп и Трето место „Џигиња“ – Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп.

Кај женските екипи, Прво место освои екипата „Пинки“ од  Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, Второ место „Тегет чорапа“ – Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп и Трето место „Бомбици“ од СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп.

Им честитаме на победниците, а им се заблагодаруваме на сите учесници за убаво поминатите моменти и дружењето. Се надеваме дека ќе се сретнеме за брзо во некоја наредна спортска прилика.

Посебна благодарност упатуваме до Советот на млади на општина Прилеп за обезбедувањето на пехарите и за поддршката. Исто така, им се заблагодаруваме на спонзорите: Печатницата „К-98“ и „Футура“.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>