Стипендии МОН


Сите корисници на правото на ученичка стипендија остварено во некоја од изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, можат да достават документи до Министерството за образование и наука од 01.09.2023 до 30.09.2023 година.

Корисникот на стипендија треба да достави Потврда за редовен ученик за учебната 2023/2024 година и последното свидетелство.

Документите се доставуваат исклучително по електронски пат со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk.

За било каква информација, прашање или помош при електронското прикачување на документите обратете се кај професорките Ангела Кочоска и Марија Јованоска.

НAПОМЕНА: Во потврдите за редовен ученик задолжително да се наведе во која струка и образовен профил ученикот посетува настава, особено да се нагласи доколку учениците се во паралелка со дуално образование и тригодишно траење на образование.