По повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик


И оваа година, по повод 21 Февруари – Денот на мајчиниот јазик, се оствари повеќегодишната традиционална литературна соработка меѓу СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп и Младински информативен и советодавен центар на Коалиција на младински организации СЕГА. На Конкурсот насловен како „Мајчин јазик – јазикот на творење, изразување, чувствување“ зедоа учество 17 ученици од нашето училиште.

На ден 26.02.2018г. во просториите на училишната библиотека, беше одржан настанот на промовирање на творбите на учесниците и прогласување на тројцата најдобри.

Настанот го одбележа и учеството на активисти од Франција, Молдавија и Р. Бугарија, кои се претставија со презентирање на поетски творби од реномирани поети од своите земји, на сопствениот мајчин јазик.

Првото место му беше доделено на Николче Мојсоски од 3-2 кл. за творбата „Пространство“, под менторство на проф. Лидија Ристеска.

Второто место ѝ припадна на Благица Наумова од 2-1кл. за творбата „Желба“, под менторство на проф. Билјана Тинтоска.

Третото место го освои Ајнур Ризоски од 4-5кл. за творбата „Копнеж што не се враќа“, под менторство на проф. Оливера Димитријоска.

Им честитаме од срце на добитниците на наградите, како и на сите учесници, за прекрасните творби со коишто нѝ го разубавија денот. Ги поттикнуваме нашите ученици да се изразуваат преку боите на пишаниот збор. Задоволство е да се почувствува како се гради светот во боите на младешките соништа.

 

Текстот го подготви: проф. Билјана Тинтоска

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>