Искуство од Париз


Нашето училиште преку националната агенција за европски образовни програми и мобилност, работи на проекти за искористување на грантови преку програмата Еразмус +.
До сега се искористени две обуки од мобилност за учење на индивидуии и тоа во Париз од страна на Директорот Дејан Димоски и професорот по спорт Здравко Ристески.
Обуката беше спроведена од страна на ITC –International training centre со седиште во Прага, кој е основан од чешкото министерство за образование, а чија мисија е да обезбеди квалитетни обуки за наставниците во сите области од образованието.
Обуката на која беа двајцата наши преставници беше со наслов “problem base learning” преку која се подобруваат:
– Комуникациските вештини со учениците,
– Како подобро да се учи,
– Соработка при учењето,
– Дефинирање на проблемите при учење,
– Ефикасно користење на аргументи и докази,
– Вештини за користење на критички и креативни размислувања.
Во текот на обуката нашите вработени покрај што активно се вклучуваа во работни групи имаа можност да придонесат и со свои предавања од добри практики на интерактивно водење на теоретски час во училница.
Во текот на престојот во Париз, љубезните домаќини се погрижија за учесниците да можат да ги разгледаат и вредностите на еден од најубавите градови во светот, а со тоа сите негови културни и историски знаменитости.
Искуството од оваа обука, во наредниот период, преку презентации ќе биде проследена и на останатите вработени во СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>