Еразмус +


Во рамките на Еразмус + програмата од Националната Агенција за Европски образовни програми

и мобилност во полето на клучна акција 1 за училишно образование, којашто подразбира учење

преку индивидуални мобилности, се реализираше проектот “Иновативни наставници –

мотивирани ученици”.

СОУ Ѓорче Петров, Прилеп доби грант за реализирање на четири мобилности на три различни

обуки и тоа: Учење преку разрешување на проблеми, ИКТ во наставата, Методологии на 21 век.

Учесниците ги подобрија своите вештини, но истовремено се стекнаа со нови вештини и знаења

од дадените области кои придонесоа за зајакнување на нивниот личен и професионален развој,

како и за развивање на професионалните вештини и компетенции.

Исто така овој проект придонесе за зголемување на меѓународната соработка со училишта од

многу европски земји што пак резултира со поголема интернационлизација на нашето училиште.

Сите материјали од обуките се наоѓаат на веб страната од училиштето како би биле достапни за

сите наставници во училиштето, но и пошироко.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>