Драмски вечери на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп


Училишната младинска организација и телото Дете – правобранител на 29 и 30 ноември 2016г. ги реализира Драмските вечери со помош и соработка на Коалицијата на невладини организации СЕГА. Посебна благодарност упатуваме кон Управата на Домот на Културата „Марко Цепенков“ за отстапениот простор.

Големо задоволство ни причинува реализацијата на овој настан, којшто, веруваме дека ќе ги анимира младите да се вратат повторно кон вистинските вредности, да умеат да ја ценат уметноста и духовното богатство.

Нашите професори често знаат да истакнат дека најефективниот влог е вложувањето во напредокот на младите. Токму тоа се обидуваме овде да го промовираме. Истовремено, со задоволство ќе се дружиме и ќе ги разменуваме меѓуучилишните искуства.

Драмската секција на СОУ„Ѓорче Петров“, под менторство на професорката по македонски јазик и литература, Билјана Тинтоска, веќе подолго време работи на реализацијата на овој настан, преку ангажманите и вложувањата во напредокот на секцијата. Имено, нашата Драмска секција постои и успешно работи од 1999г. и бележи многу успеси и постигнувања и на локално и на државно ниво и учествува и во многу хуманитарни активности. Оттука потекнува нашата визија да го поттикнеме негувањето на љубовта „кон штиците кои живот значат“.  На љубителите на сценската игра, овие две вечери им подаривме многу љубов, внимание, многу смеа и барем за малку се обидовме да им го развеселиме животот и да измамиме насмевки на нивните лица.

Првата вечер започна сомузичкиблок, после кој следувашеизведбатанакомедијата „Лудакуќа“. Сценариото е нанашиотпочесенчленФилипСтојаноски, којтолкуваеднаодглавнитеулоги. Оваакомедија е спојназаедничкитеискустваоднашетонароднопрознотворештво и современотоживеење, виденипрекукомичнитерамки.

УчествуваачленовитенаДрамскатасекција:

ФилипСтојаноски – почесенчлен; АнтонијКолески 3-8 кл., КонстантинВасилески 3-8 кл., АнгелаЈагуриноска 3-8 кл., КрумеТалески 3-3 кл., Хари Тасески 3-3кл.,  ФросинаЈованоска 4-7 кл., ТеодораТрајкоска 4-7 кл., АндрејРистески 4-7 кл., ВалеријаЧавлеска 2-1кл., МаријаШијакоска 3-8 кл.

Музичкатаизведба е на: АлександарЗдравков 4-3 кл.(гитара), гостинотодСреднотоМузичкоучилиштеодБитола – ДимитарРадески(хармоника), ТеодораСтојческа 3-1 кл. (соло), ТамараТодороска 3-2 кл. (соло), МаријаЈаковлеска 3-1кл.(соло), СтефанаНајдоска 3-2кл. (соло), ЕленаВрбоскаод 2-3кл. , подменторствонапроф. БилјанаТинтоска.

Оваа вечер  ја завршивме со настапот на Драмската секција на СОУ„Ристе Ристески- Ричко“, којашто ја изведе претставата „Голотијата продава“.

 

Почетокот на Втората Драмска вечерго одбележа настапот на нашите гостинчиња, ученици во Основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп, идни успешни и надежни музичари: Благица Блажеска и Никола Тумбовски. Иако многу млади, тие веќе ја имаат закитено својата музичка кариера со многу награди и признанија. Благица на виолина, А Никола на кларинет, не почестија со изведбата на композицијата „Поточе“ од Моцарт. Ние уживавме во звуците на дуетот, а ним им посакуваме уште многу успеси и блескава кариера.

Потоа следуваше настапот на Драмската секција на СОЕПТУ„КузманЈосифоски – Питу“ од Прилеп, под менторство на професорката Лидија Паноска. Тие се претставија со „Шоако е женско?“  Во претставата учествуваа: Теодора Петровска, Димитар Врглевски, Ана Неданоска, Ѓорѓи Велјаноски, АјханАјдароски, Александар Наумоски, Стефанија Кржеска.

Оваа вечер гледачите имаа можност да ја проследат и премиерата на новата комична претстава што ја подготви нашата Драмска секција и носи наслов „Кафана“. Сценариото е од Филип Стојаноски, нашиот почесен член. Ментор е професорката Билјана Тинтоска. Во толкувањето на улогите учествуваат: Филип Стојаноски, Андреј Ристески, Фросина Јованоска, Сара Јаковлеска, Ангела Јагуриноска, Антониј Колески, Константин Василески, Хари Тасески, Круме Талески, Стефани Спиркоска, Ивана Настеска. Овојпатви претставуваме една комична ситуација, полна со сплетки и интриги, дејство што се одвива во кафеана и е реална слика на денешните испревртени етички норми.. Се надеваме дека ќе се успеавме на присутните да им ја разубавиме и оваа вечер.

Атмосферата на Драмските вечери ја исполнија и звуците на изведбите на нашите ученици чија голема љубов е музиката.

Драмските вечери завршија со ветување дека настанот ќе премине во традиција која ќе се негува постојано. Вечерта заврши со една мисла во тој контекст:

„Традицијата не е обожавање на пепелта, туку одржување на огнот“ – Густав Милер (композитор).

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>